Арсенал со гол во последните секунди, го совлада Челси и на вториот меч во Карабао Купот, и така ќе се бори за големиот пехар во ова натпреварување. „Топчиите“ славеа и на првиот меч на „Стемфорд Бриџ“ со 3-2.
Четата на Микел Артета можеше многу порано да го реши патникот во финалето, откако во 18. минута Хинкапи имаше добра шанса, но Санчез успеа да одбрани. Челси имаше некои полушанси, меѓутоа не дојде до посакуваниот гол. Пред последниот свиреж, Хаверц успеа по еден противнапад да го совлада Санчез, и така да донесе победа на Арсенал кој продолжува со импресивните игри сезонава.
Утре се игра второто полуфинале во кое Манчестер Сити е блиску да биде ривал на Арсенал во финалето, со оглед дека на „Емирати“ игра против Њукасл, а носи предност од 2-0 по првиот меч на „Сент Џејмс Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

