Арсенал го купи Лукас Тореира за 30 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Арсенал сериозно се засилува за новата сезона. Менаџерот Унаи Емери кој го наследи Арсен Венгер на кормилото, прави своевидна револуција во тимот, носејќи неколку значајни засилувања. По германскиот голман Бернд Лено, на „Емирати“ пристигнува и уругвајскиот интернационалец Лукас Тореира од Сампдорија за сума од 30 милиони евра. Се работи за одличен играч за врска, еден од најдобрите во Серија А минатата сезона.

Трасферот го потврди и првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро.

„Тореира си заминува за сума од 30 милиони евра. Го купив од Пескара кога никој не знаеше за него, се коцкав и добив многу. Тој дојде во Сампдорија за само 3 милиони евра, а сега го продадовме десет пати поскапо“, изјави Фереро.

Арсенал е во завршна фаза од преговорите и со дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастопулос.

 

Се вчитува...