Арсенал го купува Андре Гомеш од Барселона

Англискиот премиерлигаш Арсенал отпочна преговори за ангажман на португалскиот интернационалец Андре Гомеш од редовите на Барселона. Тој имаше мала минутажа во составот на Ернесто Валверде минатата сезона, стартуваше само на шест натпревари, и посакува да го напушти „Камп Ноу“.

Барселона е согласна да му дозволи на играчот за врска да си замине, но бара отштета од околу 25 милиони евра. Тоа е за 10 милиони помалку од сумата за која го доведе Португалецот од Валенсија во 2016 година. Тренерот на „топчиите“, Унаи Емери, верува дека тој би можел добро да се вклопи во неговиот нов тим, и ќе побара од раководството да го купи Андре Гомеш.

Доколку овој трансфер не се реализира, во редот стои и Валенсија, која е заинтересирана да го добие Андре Гомеш како позајмен фудбалер за претстојната сезона.

Се вчитува...