Арсенал го купува Левин Курзава

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција со Левин Курзава, фудбалерот на Пари Сен Жермен. Тој не добива голема минутажа во францускиот шампион, а Артета смета дека ќе биде големо засилување за одбраната на „топчиите“.

Арсенал е подготвен да плати 6 милиони фунти за да го доведе Курзава во зимскиот преоден рок. Артета во моментот го има на располагање само Сеад Колашинац, со оглед дека Киран Тирни е повреден и ќе паузира околу три месеци.

Се вчитува...