Арсенал го купува Симон Кјаер

Англискиот премиерлигаш Арсенал е сериозно заинтересиран за данскиот интернационалец од редовите на Фенербахче, Симон Кјаер. Тимот на Арсен Венгер не успеа да обезбеди настап во ЛШ за следната сезона, а една од главните причини за тоа е ранливата одбрана. „Топчиите“ примија дури 44 гола, што е за 18 повеќе од Тотенхем, па интенцијата ова лето е да се засили последната линија пред голманот Петр Чех.

Арсенал е подготвен да плати 10 милиони фунти за ангажман на 28-годишниот Кјаер, кој би играл во тандем со Лорен Кошиелни. Конкуренцијата ќе ја комплетираат и Шкодран Мустафи, кој може да одговори и на десната бековска позиција, и Пер Мертесакер, кој речиси цела сезона беше повреден. Тука е и Бразилецот Габриел, кој важеше за резервна опција ланската сезона, заедно со младиот Англичанец Роб Холдинг, кој минатото лето пристигна од Болтон.

Се вчитува...