Арсенал го освои ФА Купот на Англија

Арсенал не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, но ја спаси сезоната со совојување на трофејот во ФА Купот на Англија. „Топчиите“ го совладаа првакот Челси на „Вембли“ со 2-1 и сепак освоија пехар оваа сезона.

Алексис Санчез уште во четвртата минута го доведе Арсенал во водство. Можеби и играше со рака во зачетокот на акцијата, но судијата дозволи играта да продолжи, тој излезе сам пред Тибо Куртоа и ја затресе мрежата.

Челси се обидуваше да израмни, а задачата за „сините“ стана уште посложена откако Мозес заработи втор жолт картон за симулирање и беше исклучен во 68.минута. Сепак, во 76.минута Диего Коста успеа да постигне погодок за израмнување.

Челси уште се радуваше на тој погодок, а Арсенал возврати. Арон Рамзи во 79.минута постигна втор гол за „топчиите“, кој на крајот и им го донесе трофејот.

All Goals & Highlights HD – Arsenal 2… by LiveFootball28

Се вчитува...