Арсенал го промовираше Александре Лаказет

Напаѓачот на Лион, Александре Лаказет, во наредните пет сезони и официјално ќе го носи дресот на англискиот премиерлигаш Арсенал. Трансферот е комплетиран, откако фудбалерот ги мина медицинските прегледи, а Арсенал на францускиот клуб ќе му исплати сума од 47 милиони фунти, која со дополнителните бонуси може да достигне и до 53 милиони фунти. Клубот од „Емирати“ веќе го промовираше своето најново засилување.

Менаџерот Арсен Венгер навистина активно влезе во овој летен преоден рок, откако Арсенал минатата сезона не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Во најава се уште неколку засилувања, а досега пристигнаа Колашинац и Лаказет. „Топчиите“ наддаваат и за француското чудо од Монако, Килијан Мбапе, но во нотесот на Венгер се наоѓаат уште неколку имиња кои треба да пристигнат во Лондон. Секако, приоритет на тимот е да се задржат и двајцата најдобри фудбалери, Алексис Санчез и Мезут Озил.

Се вчитува...