Арсенал го промовираше Гркот Папастатопулос… Уште еден од Дортмунд – „топчија“!

Арсенал и официјално го промовираше својот нов фудбалер, Гркот Сократис Папастатопулос, кој потпиша договор до јуни 2021 година.

За трансферот на Папастатопулос, „топчиите“ исплатија 19 милиони евра на Борусија Дортмунд. Гркот е трето засилување за тимот на Унаи Емери, по десниот бек Стефан Лихштајнер и голманот Бернд Лено.

Папастатопулос претходно во својата кариера има настапи и за Вердер од каде пред пет сезони пристигна во Борусија Дортмунд. Грчкиот фудбалер е само уште еден од низата кои во Арсенал пристигнуваа од Дортмунд по Пјер Емерик Обамејанг и Хенрик Мхитаријан.

Се вчитува...