Арсенал го сака Желсон Мартинс на позајмица

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да ја засили конкуренцијата во тимот со Желсон Мартинс. Крилниот играч не успеа да се снајде во редовите на Атлетико Мадрид, а менаџерот на „топчиите“ Унаи Емери смета дека тој би бил добро решение во неговиот тим и сака да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната. Арсенал потоа би имал право и да го откупи комплетно неговиот договор.

Во трка за Желсон Мартинс е и францускиот прволигаш Монако, кој грчевито се бори да обезбеди опстанок во елитната конкуренција. Тренерот Тиери Анри панично бара нови засилувања, со оглед дека тимот е апсолутно неконкурентен оваа сезона во француското првенство.

Се вчитува...