Арсенал го загуби Сократис до крајот на февруари

Дефанзивецот на Арсенал, Сократис Папастатопулос, ќе биде надвор од терените еден месец, соопшти клубот. Грчкиот интернационалец заработи повреда на коленото на мечот против Манчестер Јунајтед (1-3) во ФА купот и го напушти теренот уште во првото полувреме.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека тој ќе мора да паузира триесетина дена. Дополнителни проблеми за менаџерот Унаи Емери носи и повредата на Лорен Кошиелни. Тој се пожали на болки во главата по еден жесток судир со Ромелу Лукаку. Тој ќе биде неизвесен за настап во наредните десетина дена.

Покрај овие двајца дефанзивци, Емери не може да смета ниту на Холдинг и Белерин, за кои оваа сезона е предвреме завршена.

Се вчитува...