Арсенал им се врати на победите во Премиер-лигата

Арсенал ја прекина серијата слаби игри во Премиер-лигата откако по три меча без триумф, „топчиите“ попладнево стигнаа до цел плен на гостувањето против Лидс со 0-4.

Лидс играше во одлична форма во последно време, но немаше сили да го изненади фаворитот во чии редови во првото полувреме блесна Мадуеке. Крилниот офанзивец доби шанса само затоа што Сака се повреди при загревањето, но одигра одлично, најпрвин асистирајќи до Зубименди за 0-1, а потоа и самиот постигнувајќи го погодокот за 0-2, директно од корнер.

Лидс беше приморан да се отвори, а „топчиите“ го искористија тоа за преку Ѓокереш и Жезус да стигнат до убедлива победа.

Супер-драматично беше на дуелот Брајтон – Евертон, каде гостите стигнаа до реми од 1-1 со голот на Бето во 97. минута, а три бода освои Борнмут, како гостин против „фенерџијата“ Вулверхемптон (0-2) благодарение на погодоците на Крупи и на Скот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...