Арсенал е подготвен да му понуди на голманот Давид Раја нов договор и зголемување на платата, објави „Би-Би-Си“. Лондонскиот клуб се согласи да ги промени условите на договорот на 30-годишниот голман.
Договорот меѓу двете страни ќе остане непроменет до 2028 година и ќе има опција за продолжување. Сепак, платата на шпанскиот голман значително ќе се зголеми, бидејќи тој моментално заработува околу 100.000 фунти неделно.
Давид Раја се приклучи на Арсенал од Брентфорд во 2023 година и постепено се етаблираше како стандарден играч во тимот на Микел Артета. Шпанецот има одиграно 105 натпревари за „топџиите“, прими 84 гола и на 45 меча ја сочува мрежата чиста.
Раја ја освои наградата „Златна ракавица“ за најдобар голман во Премиер лигата во сезоната 2023/24 и ја задржа наградата минатата сезона, делејќи го трофејот со голманот на Нотингем Форест, Матс Зелс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

