Арсенал ќе го руши трансфер рекордот

Арсенал имаше одлична сезоната во која беше блиску и до враќање во Лигата на Шампионите, но четата на Микел Артета сепак мораше да се задоволи само со место во Лига Европа. Сепак помалите амбиции нема да ги спречат „топџиите“ од атрактивни засилувања ова лето, а високо на листата на желби се наоѓа Кристофер Нкунку.

Дваесетичетиригодишникот зад кој е одлична сезона во дресот на Лајпциг во која постигна 35 гола и 19 асистенции се наметна како еден од најпосакуваните фудбалери во Европа. Арсенал е подготвен за него да издвои 115 милиони евра, пренесуваат англиските медиуми.

Со тоа Артета би го надминал трансфер рекордот кој го држеше Николас Пепе кој во 2019 година за 83 милиони евра премина од Лил, а по заминувањата на Пјер Емерик Обамејанг и Александар Лаказет голема е можноста за реализација на спектакуларен трансфер.

Се вчитува...