Арсенал ќе купува дефанзивец од Ајакс

Англискиот премиерлигаш Арсенал игра одлично под раководство на Унаи Емери, но шпанскиот стратег има проблеми со повредите на дел од дефанзивците. Посебно е проблематична левата странична позиција со оглед дека со повреди се мачат Начо Монреал и Сеад Колашинац. Емери се обидува да пополни со Гранит Џака, кој е играч за врска, но решенито треба да пристигне на „Емирати“ во зимскиот преоден рок.

Арсенал планира да го купи аргентинскиот интернационалец Николас Талјафико од Ајакс. „Топчиите“ се подготвени да платат 10 милиони фунти за 26-годишниот одбранбен фудбалер кој игра одлично во дресот на холандскиот клуб.

Се вчитува...