Арсенал, на пенали, го освои трофејот на „Комјунити Шилд“

Фудбалерите на Арсенал го освоија трофејот на „Комјунити Шилд“, натпреварувањето кое традиционално ја најавува новата сезона во Премиер – лигата. Тие по изведување пенали го совладаа Челси со 4-2, откако во регуларниот тек мечот заврши 1-1. Тибо Куртоа не успеа да погоди како изведувач на удар од пенал, а Петр Чех го одбрани шутот на Алваро Мората. За првпат пеналите се изведуваа по системот „АББА“.

Виктор Мозес го доведе Челси во водство во 46.минута, но израмни Сеад Колашинац во 82.минута, само две минути откако англискиот првак Челси остана со играч помалку поради исклучувањето на Педро. Во завршницата шанси имаа Мората и Волкот, но мечот мораше да се решава со удари од белата точка.

Victor Moses Goal HD – Arsenal 0-1 Chelsea 06… by gooooooooooalSead Kolasinac Goal HD – Arsenal 1-1 Chelsea 06… by gooooooooooal

Се вчитува...