Арсенал нареди 11 играчи на гол-линија… и пак прими гол

Арсенал славеше со 3-1 над Вестерн Сиднеј во пријателскиот натпревар одигран во Австралија, а најинтересен момент на мечот беше погодокот на домашниот тим.

Рамзи врати една топка до голманот Мартинез кој ја фати со рацете, па судијата оправдано досуди индиректeн удар, а сите 11 фудбалери на Арсенал се наредија на гол-линијата. Сепак, ниту со тоа не успеаја да ги запрат домаќините, откако Лустика се снајде одлично и од втор обид ја смести топката под гредата.

Инаку, погодоците за Арсенал при овој триумф ги постигнаа Жиру, Рамзи и Елнени.

1-3 Steven Lustica Free Kick Goal HD – Western… by billiemccarroll

Wanderers 1 – 3 Arsenal by Ball-Control

Се вчитува...