Арсенал не се откажува од Рахим Стерлинг

Арсенал ќе се обиде да го доведе Рахим Стерлинг како замена за Алексис Санчез и веќе во јануари ќе испрати нова понуда за фудбалерот на Манчестер сити. Нема дилеми дека Санчез на истекот од актуелниот договор (јуни 2018) ќе си замине од таборот на „топчиите“, а можно е тоа да се случи и порано, доколку Арсенал ја прифати понудата на Манчестер сити најавена за јануари.

Сепак, за разлика од летово таа ќе биде далеку пониска, па весникот „Дејли мејл“ најавува дека Пеп Гвардиола ќе понуди само 20 милиони фунти за фудбалерот за кого пред десетина дена му беа одбиени 55 милиони фунти.

Како опција летово се споменуваше и понуда „пари плус Стерлинг“, но со новиот развој на настаните сега Арсенал ќе треба да доплати за да го доведе Стерлинг во своите редови, со оглед на фактот дека овој фудбалер е проценет на 40 милиони фунти од страна на „граѓаните“. Венгер ќе има пари за трошење и ќе е обиде веќе во јануари да го доведе овој фудбалер на „Емирати“, а дополнително ќе биде донесена одлуката дали тој би дошол како замена за Санчез или Чилеанецот ќе остане во Лондон во крајот на сезонава.

Се вчитува...