Како и што можеше да се очекува, европските гиганти тргнаа во последниот јуриш по засилувања на 48 часа пред затворањето на летниот преоден рок.
Манчестер сити му понуди на Арсенал 55 милиони евра за Алексис Санчез, но „топчиите“ експресно ја одбија и оваа понуда. Сити сака до четврток да го затвори трансферот на Чилеанецот одлучувајќи да ја зголемат првичната понуда за 28-годишниот голгетер кој на Венгер веќе го информирал дека сака да го напушти клубот.
„Топчиите“, според последните информации, се сепак подготвени за преговори. Но, освен 55 милиони евра сакаат и еден напаѓач на Сити. Рахам Стирлинг и Серхио Агуеро се на листата желби на Венгер, иако Пеп Гвардиола посакува трансферот на Санчез да го реализира без да дава свој фудбалер.
Според информациите на Би-би-си, Стирлинг е подготвен за преселба во Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА