Арсенал одбил преискусно засилување за нападот

Арсенал се соочува со големи проблеми во нападот по повредите на првотимците Букајо Сака и Габриел Жесус. Покрај тоа во форма не е Каи Хаверц, но и тоа не го активираше алармот во Лондон за ангажам на фудбалер во зимскиот преоден рок.

Како што открива доброупатниот Фабрицио Романо, Арсенал одбил повеќе фудбалери за засилување во нападот. Еден од нив бил и искусниот шпански фудбалер Алваро Мората.

Капитенот на Шпанија му бил понуден на Микел Артета пред преселбата на позајмица во Галатасарај од Милан, но добил негативен одговор.

Доколку дојдеше до трансфер на 32-годишникот во Арсенал тоа ќе значеше и негово враќање во главниот град на Велика Британија каде во минатото го носеше дресот на Челси. Претходно настапуваше и за Реал Мадрид, Јувентус и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...