Арсенал пак на шопинг во Франција

Англискиот премиерлигаш Арсенал редовно „пазари“ од Франција, а после Александре Лаказет, најнова цел е крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе. Тој игра одлично оваа сезона во францускиот шампионат, постигна веќе пет гола на осум натпревари, и го сврте кон себе вниманието на големите клубови.

Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери, се надева дека ќе успее да го убеди Пепе да пристигне на „Емирати“ со оглед дека за него се заинтересирани и француските клубови ПСЖ и Лион. За неговите услуги Лил бара 30 милиони фунти.

Се вчитува...