Арсенал плаќа 50 милиони фунти – доаѓа нов дефанзивец

Арсенал е подготвен да издвои 50 милиони фунти за да го осигура потписот на Бен Вајт, во кого стратегот Микел Артета гледа како на нов „командант“ на одбранбената линија на „топчиите“. Откако минатото лето беа потрошени 30 милиони фунти за Габриел од Лил, овојпат „топчиите“ се решија за дефанзивец со премиерлигашко искуство, целото внимание насочувајќи го кон Вајт, кој имаше одлична сезона со Брајтон и се избори за место во англиската репрезентација за ЕВРО 2020.

Преговорите почнаа со сума од 35 милиони фунти што Брајтон експресно ја одби, по што Арсенал почна да ја крева сумата се додека не беше стигнато до оние 50 милиони на кои Брајтон инсистираше од самиот почеток на разговорите. Од нив, „топчиите“ ќе платат 45 милиони фунти при самиот потпис со Вајт, додека преостанатите пет ќе бидат исплатени доколку се активираат неколку клаузули поврзани со бројот на настапи на дефанзивецот за новиот клуб.

Вајт ќе го заземе местото во одбранбената линија на Арсенал на Давид Луиз, кој летово како слободен играч си замина од „Емирати“.

Се вчитува...