Арсенал пред потпис со Денис Суарез

Англискиот премиерлигаш Арсенал е на чекор до реализација на првиот трансфер во зимскиот преодек рок. Раководството на „топчиите“ е во преговори за ангажман на Денис Суарез, фудбалерот за врска на Барселона. Тој би можел во наредните два дена да стави потпис на договор со клубот од „Емирати“.

Менаџерот Унаи Емери добро ги познава квалитетите на Денис Суарез, а тој веќе и има искуство од Премиер – лигата, со оглед дека во периодот од 2011 до 2013 година беше член на Манчестер сити. Сепак, не доби шанса за настап во сениорскиот тим, по што се врати во Шпанија и преку Вилјареал и Барселона се изгради во одличен играч.

Арсенал е подготвен да плати 20 милиони фунти за да го реализира трансферот до крајот на јануари.

Се вчитува...