Арсенал пред потпис со Кристијан Павон

Англискиот премиерлигаш Арсенал е во финални преговори за ангажман на Кристијан Павон, напаѓачот на аргентинскиот тим Бока јуниорс. Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери, сака да ја засили навалната линија со уште еден квалитетен напаѓач, откако стана јасно дека Дани Велбек нема да може да помогне можеби и до крајот на сезоната.

Павон е еден од најдобрите фудбалери во Јужна Америка, веќе докажан голгетер, а брзината е една од еговите најсилни страни. Емери смета дека би се вклопил одлично со Пјер – Емерик Обамејанг и со Александре Лаказет. Арсенал е подготвен за Кристијан Павон да плати 40 милиони фунти и да го доведе веќе во зимскиот преоден рок.

Покрај Павон, на листата на желби на Емери се наоѓа и играчот за врска на Барселона, Денис Суарез.

Се вчитува...