Постои можност српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ да го напушти тимот на Јувентус во зимскиот преоден рок и да се пресели во Арсенал.
Фудбалскиот клуб од Лондон будно ја следи ситуацијата околу српскиот напаѓач, кој не сака да се согласи со намалување на платата во Торино. Од друга страна, Арсенал има ас во ракавот во форма на Томас Парти, кој е голема желба на тимот на Јувентус и кого би го добиле за Душан Влаховиќ.
Сето ова би можело да се случи зимава, но сепак е тешко да се очекува дека Јувентус ќе го продаде Влаховиќ на средината на сезоната, бидејќи тој е еден од најдобрите напаѓачи на тимот од Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА