Арсенал сака да го купи Давид Луиз

Бразилскиот интернационалец Давид Луиз можеби ќе го напушти „Стемфорд бриџ“ ова лето, но ќе остане во Лондон. За него е заинтересиран Арсенал, кој сака да го искористи неговото незадоволство од ситуацијата во Челси и да го пресели на „Емирати“.

Под водство на Антонио Конте, бразилскиот дефанзивец не се изнаигра, и доколку не дојде до промена на кормилото на „сините“, тој и дефинитивно ќе си замине. Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, посакува да го види во последната одбранбена линија на Арсенал, а раководството на Челси последниот збор ќе го даде откако и дефинитивно ќе се знае кој ќе биде на клупата на тимот следната сезона. Доколку дојде Маурицио Сари, тогаш тој ќе се изјасни дали и понатаму е потребен Давид Луиз. Во спротивно, тој најверојатно ќе се пресели во Арсенал за сума од 30 милиони евра.

Се вчитува...