Арсенал: Санчез може да оди во Сити, дајте ни го Агуеро

Арсенал има план како да го продаде Алексис Санчез без клубот да биде оштетен на квалитет. Првата желба на Гвардиола може да направи трансфер во Сити, но само доколку Серхио Агуеро замине во спротивен правец, односно го облече дресот на „топчиите“. Венгер е решен да го задржи Санчез по секоја цена,  но ваквата можна размена може да го натера францускиот стратег два пати да размисли. Ова може да биде решение и за двете страни, Гвардиола ќе го добие посакуваното засилување, а Венгер ќе ги реши сите проблеми околу напаѓачките сили за следната сезона.

Агуеро ќе има гарантирано место во формацијата на Венгер, но ќе испушти настап во Лигата на шампиони, откако Арсенал не успеа да обезбеди пласман во елитното натпреварување по скоро 20 години. За аргентинскиот репрезентацивец се интересира и ПСЖ, но голгетерот кој им ја донесе титулата на Сити во 2012 година, не сака да го напушти островот и Премиер лигата.

Сагата за Чилеанецот продолжува да ја држи јавноста во неизвесност. Откако трансферот во Баерн пропадна, неговата иднина останува неизвесна. Сити засега е единствената опција, но ќе добие зелено светло за трансфер само ако Пеп Гвардиола се договори со Арсен Венгер околу деталите за реализација на овој мегатрансфер.

Се вчитува...