Арсенал се пресели во Азербејџан: И Дени Илиев во авионот за Баку (ФОТО)

Арсенал од денеска финалните подготовки за финалето од Лигата на Европа против Челси кое се игра во среда (29. мај) ќе ги реализира во главниот град на Азербејџан, Баку.

„Топчиите“ денеска отпатуваа за Баку каде ќе се финишираат последните денови тренинзи пред финалето. А, во авионот место и за македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев кој ќе биде во составот за финалниот натпревар во азербејџанската престолнина.

Во тимот на Арсенал максимално позитивно расположение. Силна е вербата дека во англиската пресметка може да се дојде до трофејот во Лигата на Европа.

Се вчитува...