Арсенал славеше над Монако и го освои „Емирејтс купот“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал го освоија „Емирејтс“ купот откако денеска славеа по изведување на пенали со 6-5 против францускиот Монако.

Натпреварот во регуларните 90 минути заврши без победник 1-1. Кнезовите поведоа со 1-0 со голот на Фофана во 31. минута, додека на 1-1 израмни Нкетиа во 43. минута. Во второто полувреме не се затресоа мрежите, па победникот мораше да биде познат по изведување на пенали.

Таму клучно беше промашувањето на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Минамино во четвртата серија.

Arsenal [1] – 1 Monaco – Edward Nketiah 43′
by u/Big-Holiday-339 in soccer

Се вчитува...