Арсенал со еден удар во рамките на голот ги освои бодовите против Нотингем (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Арсенал со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај Нотингем форест во натпреварот од седмото коло во Премиер лигата.

Херој на „топчиите“ беше Мадуеке кој со удар од 20-тина метри го совлада голманот на домаќините, Матз Селс. Голот на Мадуеке може да го видите на овој ЛИНК.

Интересно е што ова беше единствен удар во рамките на голот на Нотингем.

Со триумфот, Арсенал се врати на второто место на табелата со 18 освоени бодови, три помалку од лидерот Манчестер сити кој има максимален учинок по седум кола.

Нотингем кој не успеа трета година по ред да остане непоразен на „Сити граунд“ во дуелите со Арсенал, е 18-ти на табелата со пет освоени бодови.

Се вчитува...