Арсенал со ново голманско засилување од Челси

Арсенал решението за голманската позиција ја најде во редовите на градскиот ривал Чесли активиајќи ја откупната клаузуа за ангажман на шпанскиот голман Кепа Аризабалага.

Сега 30-годишниот голман за кој во 2018 година стана најскапиот голмански трансфер во историјата за 80 милиони евра ќе премине во „црвено-белите“ редови за само пет милиони евра.

За Кепа повеќе нема место во Челси, тој минатата сезона ја помина на позајмица во Бормут па се е подготвено за продолжување на традиција на „топчиски“ ангажман на фудбалери од градскиот ривал по оние на Рахим Стерлинг, Каи Хаверц, Жоржињо, Вилијан, Давид Луиз, Петар Чех…

Се вчитува...