Арсенал тргнува по трансфер желбата на Манчестер Јунајтед

Арсенал како по навика повторно се мачи на почетокот на сезоната. По две одиграни кола „топчиите“ имаат и два порази од Брентфорд и Челси со четири примени погодоци во својата мрежа, па јасно е дека на „Емирати“ се потребни промени во одбраната.

Со таа цел лондонскиот клуб тргнува по потписот на репрезентативецот на Англија, Киран Трипие. 30-годишниот десен бек беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед ова лето, меѓутоа за неговиот потпис Атлетико Мадрид бара 15 милиони евра, сума која „црвените ѓаволи“ не сакаа да ја издвојат.

Трипие кој потекнува од младинската школа на Манчестер Сити од 2009 до 2019 година настапуваше во Премиерлигата во дресовите на Барнсли, Барнли и Тотенхем пред трансферот во мадридскиот клуб.

Се вчитува...