Арсенал уште со надеж за Европа: Триумф против шампионот… (ВИДЕО)

Арсенал уште се надева на европски излез следната сезона, триумфирајќи со 2-1 против шампионот Ливерпул во 36. коло од Премиер-лигата.

Ливерпул дојде до предност со голот на Мане уште во 20. минута, но домашните со два гола пред полувремето дојдоа до пресврт. Најпрво израмни Лаказет во 32. минута, а потоа во 44. минута стрелаше и Нелсон.

Арсенал по оваа победа е со 53 бода, три бода минус од шестопласираниот Вулверхемптон.

Се вчитува...