Арсенал верува во Артета, а резултатите никогаш послаби

Арсенал бележи најлоши резултати во последната деценија, но клубот не размислува да го отпушти тренерот Микел Артета.

Техничкиот директор на „топчиите“, Бразилецот Еду, јавно му искажа поддршка на шпанскиот стратег без оглед ан фактот дека Арсенал има дури шест порази на последните осум натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на 15-то место на табелата.

„Можам да ја видам иднината со него. Сè работи како што треба. Колку млади играчи добија можност да играат за првиот тим? Гледам светла иднина. Можеби е чудно да се каже тоа во овој момент, но мора да бидеме фер. Ние сме тим, не можеме да обвиниме само еден човек “.

Трансфер периодот ќе биде активиран зимава, па Еду даде свој коментар за нови можни засилувања:

„Секако дека ќе се обидеме да сториме нешто. Но, нашите проблеми треба да ги решиме сами. Имаме тим, менаџер, стручен штаб. Никој не може да поправи сè со магија. Од нас зависи “.

Се вчитува...