Арсенал влегува во трката за ѕвездата на Италија

Еден од најпосакуваните трансфери ова лето е младиот играч на Сасуоло, Мануел Локатели кој блесна за „аѕурите“ на Европското првенство. За 23-годишникот Италијанец постои интерес од голем број на европски великани, а во трката влезе и лондонскиот Арсенал.

„Топџиите“ веќе испратиле понуда до италијанскиот клуб кој за услугите на репрезентативецот бара 34 милиони евра, а Арсенал е подготвен да го прифати овој услов со оглед на тоа што Мартин Одегард се врати назад во редовите на Реал Мадрид, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Лодонскиот клуб повторно одигра сезона за заборав во која не успеа да избори место во европските натпреварувања во следната сезона, меѓутоа Микел Артета има млад состав со перспективни играчи како Сака, Тирни, Смит-Роу и Мартинели па „топџиите“ го гледаат овој факт како предност во трката со Јувентус и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...