Арсими го победи Силекс на тестот во Гостивар

Искористувајќи ја паузата во домашниот шампионат поради настапите на репрезентацијата, прволигашите Арсими и Силекс денеска одиграа пријателски натпревар во Гостивар кој заврши со триумф на дебитантот во Првата македонска фудбалска лига.

Арсими победи со 2-1 благодарение на головите на Шефит Шефити и Шпенд Асани.

Како што е познато, за македонскиот фудбал ќе следи дополнителна пауза од уште една недела поради Локалните избори 2025 во Македонија кои се закажани за в недела, 19 октомври.

По препорака на МВР да се намалат сите спортски активности во земјава пред и за време на Локалните избори, одлучено е следното 10. коло од ПМФЛ да биде одложено за викендот од 24 до 26 октомври.

Се вчитува...