Новиот прволигаш, екипата на Арсими го промовираше новото свое засилување Армин Бешагиќ од БиХ.
Се работи за искусен фудбалер од од средниот ред, кој во редовите на Арсими пристигнува од Првата лига на Босна, од екипата на Игман Коњиќ.
Целата своја фудбалска кариера бил дел од босанскиот фудбал, член на екипите на Сараево, Искра и Бихаќ.
„Убедени сме дека неговото искуство и квалитети значително ќе придонесат за остварување на нашите цели во следната сезона“ – порачаа од екипата на Арсими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА