Арсими и АП Брера бркаат опстанок во Кавадарци и во Струга

Ако сака да се надева на директниот опстанок во ПМФЛ, екипата на АП Брера мора да најде начин да победи на гостувњето во Струга (денеска 16 часот). Доколку тоа не го стори, се поизвесно е дека ќе игра бараж, па дури можеби и директно да испадне ако во последните три кола потоа направи уште некој „кикс“. За разлика од нив, Струга ТЛ е сигурна на третата позиција. Има некои минимални шанси и за второто место, но за такво нешто ќе мора да се чека и „кикс“ на Шкендија во последните три кола.

Во исто време опстанок ќе се решава и во Кавадарци. Тиквеш и Арсими играат меѓусебно во директна пресметка за „чист“ опстанок. Разликата е само два бода, и со евентуална победа, Тиквеш ќе го осигура останувањето во ПМФЛ, а ќе го „втурне“ Арсими во неизвесност во последните три натпревари, каде што може да се случи дури и да се најде во бараж.

Струга ТЛ почувствува дека има шанса за втората позиција, и има максимални мотиви да ја совлада АП Брера. Шкендија на последните два меча освои само два бода, и Струга ТЛ сега има шанса и за вицешампионската позиција.

„Некои резултати во вториот дел од сезоната не ни беа на највисоко ниво, вклучувајќи ги и двата натпревари против АП Брера. Искрено, не можам да најдам оправдување, но мора да се фокусираме на иднината и да стигнеме до победа на денешниот меч. АП Брера е екипа што не смее да се потцени. Со оглед на нивната ситуација на табелата, очекувам да одиграат максимално мотивирано. Но, верувам дека поддршката од нашите навивачи ќе ни даде дополнителна енергија за да ја оствариме целта и да победиме“, изјави голманот на Струга ТЛ, Марко Ангелети.

ПМФЛ, 30. КОЛО

(ДЕНЕСКА 16:00 Ч)

Кавадарци: ТИКВЕШ – АРСИМИ

Струга: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...