Арсими и го зема скалпот на Шкендија, Тиквеш сигурен со Башкими

Арсими стигна до огромна победа во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига совладувајќи ја фаворизираната Шкендија со преубедливи 3-0 на домашен терен.

Мрежите мируваа во првото полувреме по што започна голеадата во Гостивар. Во 46. минута и 48. минута мрежата ја тресеа Шефит Шефити и Албан Таипи, а конечниот резултат го постави Џемиљ Јахији во 75. минута.

Тикваш го забележа четвртиот триумф во сезоната совладувајќи го Башими во Кавадарци со головите на Ивановски во 17. минута, Стојанов во 32. минута и Јонсу во 36. минута по што домашните фудбалери умешно ја сочуваа предноста во вторите 45. минути.

Претходно во 14. коло Силекс славеше со 1-2 на гостувањето кај Македонија ЃП, додека Вардар го доби гостувањето кај Брера со 0-2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...