Арсими, во резултатски неважен меч, ја победи Струга ТЛ

Откако уште во претходното коло веќе беше познато дека Арсими си го обезбеди опстанокот во Првата македонска фудбалска лига, во денешното последно коло од шампионатот, во резултатски неважен меч Арсими славеше против Струга ТЛ со 1-0.

По првото полувреме без голови, на дуелот во Гостивар, Арсими до победата дојде со голот во вториот дел.

Стрелец на победничкиот погодок за три бода на домашните беше Бесагиќ.

Струга ТЛ, пак, може да се каже дека имаше неуспешна сезона останувајќи и без излез во Европа, откако Силекс во финалето од Купот славеше против Шкендија, со што кратовци се изборија за второто место во Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...