Артета: Џака е главниот виновник за поразот на Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не се сомнева дека црвениот картон на Гранит Џака имаше големо влијание за поразот на „Топџиите“ од Барнли.

„Гранит направи грешка што многу нè чинеше. Доминиравме, игравме добро, а вакви игри секогаш треба да се добијат, но со десет играчи на терен беше многу потешко. Неговиот потег е неприфатлив. Тој ја премина ‘црвената линија’. Такви работи не треба да се прават “, јасен е Артета.

Да бидат работите уште полоши за тимот од Лондон, поразот на Арсенал дојде по автогол на Пјер-Емерик Обамејанг во 73-та минута.

Арсенал го зазема 15-то место на табелата со 13 освоени бодови. Во следното коло тимот на Артета повторно ќе биде на тест, а „судбината“ на Микел овој пат ќе зависи од „битката“ со незгодниот Саутемптон.

Се вчитува...