Артета го бара Барди: Арсенал тргнува со сите сили по Енис

Арсенал се враќа во трката по Енис Барди откако стратегот Микел Артета го ставил македонскиот репрезентативец високо на својата листа со желби за летниот преоден рок. Шпанскиот стручњак е во потрага по нов квалитетен играч за врска и верува дека Барди може да го крене квалитетот на „топчиите“ на уште повисоко ниво.

Арсенал се интересираше за македонскиот репрезентативец уште пред две години, но тогаш проблем беше превисоката отштета од над 30 милиони евра што ја бараше Леванте. Овојпат ситуацијата е поинаква, Леванте се наоѓа пред испаѓање од Ла Лига, а преселбата во понизок ранг на натпреварување ќе ја урне и вредноста на фудбалерите на оваа екипа. „Топчиите“ се надеваат дека ќе можат да го осигураат потписот на Барди за сума од околу 10 милиони евра, пари за кои според Артета (со ниска плата за англиски услови)  нема подобри опции за засилување на средниот ред на лондонскиот тим.

Леванте неодамна ја активираше клаузулата да продолжување на договорот со Барди, но речиси сигурно е дека македонскиот интернационалец летово ќе ги промени клупските бои. Локалното радио „Onda Deportiva Valencia“ го потврдува интересот на Арсенал за Македонецот, но и открива дека уште два клуба ја следат ситуацијата на Барди во Леванте и подготвуваат понуди.

Првиот е Фиорентина, тим што му нуди на Енис преселба во Калчо-лигата, а вториот е Борусија Дортмунд, кој во Барди гледа потенцијална замена доколку Белингем биде продаден во Премиер-лигата.

Се вчитува...