Артета го сака Џером Боатенг во одбраната на Арсенал

Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета, сака да ја реновира одбраната на „топчиите“ сметајќи дека тоа е најголемиот проблем во играта на тимот. По сериозната повреда на Калум Чемберс, тој ќе се обиде да доведе нов дефанзивец во зимскиот преоден рок, а погледот му е насочен кон Минхен. Артета би сакал да го има на „Емирати“ германскиот репрезентативец Џером Боатенг од Баерн Минхен.

Тој подолг период се обидува да пронајде нова средина со оглед дека не е стандарден во Баерн Минхен и Арсенал за него би бил одлична опција. Баварците бараат 15 милиони евра отштета за да му дозволат да си замине, но Арсенал се надева дека може да ја спушти цената до 10 милиони евра.

Се вчитува...