По репрезентативната пауза, Арсенал ќе гостува кај Фулам. Двата лондонски клуба ќе се сретнат во сабота во 18.30 часот, а тимот на Микел Артета влегува во осмото коло од Премиерлигата како лидер на табелата, со бод повеќе од Ливерпул.
Микел Артета изјави дека е уверен дека Виктор Ѓокереш ќе почне да постигнува голови, но и дека самиот играч знаел дека нема да биде лесно на почетокот.
„Тој носи многу во нашиот тим, многу сум задоволен што го доведовме. Му реков на првата средба дека деветката што ја сакам е деветка што може да се справи со ситуација кога нема да постигне гол во шест, седум, осум натпревари. Му реков дека ако не може да го направи тоа, тогаш подобро да оди некаде на друго место. Верувам дека само е прашање на време кога ќе почне да постигнува голови“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

