Артета купува стопер од Борусија Дортмунд

Англискиот премиерлигаш Арсенал планира сериозна реконструкција на обраната на тимот во летниот преоден рок. Менаџерот Микел Артета размислува за подмладување, а по договорот со Вилијам Салиба од Сент Етјен, фокусот на стручниот штаб на „топчиите“ е кон стоперот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи. 24-годишниот дефанзивец има полна доверба кај тренерот на „милионерите“, Лусиен Фавр, и оваа сезона одигра 34 натпревари во сите конкуренции. Со добрите игри го привлече вниманието на големите европски клубови.

Арсенал е подготвен да плати 25 милиони фунти за да го доведе Аканџи во Лондон во летниот преоден рок. Сепак, прашање е дали оваа сума ќе биде доволна за Борусија Дортмунд да се согласи на трансфер, со оглед дека германскиот клуб во 2018 година на Базел му плати 19 милиони фунти за ангажман на младиот стопер.

 

 

Се вчитува...