Артета: Мислев дека Челси ќе ни биде главен конкурент за титула

29. коло од Премиерлигата носи лондонско дерби помеѓу Челси и Арсенал пред кое тренерот на „топчиите“, Микел Артета не ја пропушти шансата да го испровоцира противникот со интересна изјава.

По неколку години мачење, Челси оваа сезона одново ја врати претпознатливата слава, но и понатаму не е конкурент за титула, нешто на што не се сложува Артета кој вели дека очекувал битка со овој противник за титула.

„Откако ги видов како играат во претсезоната, кога разбрав како функционира Енцо и со оглед на талентот кој го имаат мислев дека се конкурент број еден за титулата. Имаат многу потенцијал. Моментот кога ќе се соединат, кога ќе најдат конекција, енергија и константност мислам дека ќе можат да се натпреваруваат против било кој тим“, изјави Артета.

Се вчитува...