Артета: Направивме многу грешки, а Лион тоа го казни

Манчестер сити на непријатен начин ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ загубија на „Етихад“ од Лион (1-2) во мечот во кој Микел Артета беше на клупата, бидејќи Пеп Гвардиола издржуваше суспензија.

„Направивме многу грешки во првиот дел, лошо го почнавме натпреварот и тоа Лион знаеше да го искористи. Постигна два гола, а потоа беше тешко да се вратиме во игра. Во второто полувреме бевме многу подобри, создадовме многу шанси, но голманот беше одличен, а и нашата реализација не беше на врвно ниво. Ова секако не е стартот што го посакувавме, но има уште многу натпревари во групата и се надеваме дека сето тоа ќе го надоместиме“, изјави Микел Артета.

Пеп Гвардиола го следеше мечот од ложата на „Етихад“.

Се вчитува...