Артета подготвува „бомба“ од Баерн Минхен за јануарскиот преоден рок

Оваа сезона, играчите на Арсенал се борат за титулата во Премиерлигата, но имаат и големи амбиции во Лигата на шампионите.

Па, сето тоа јасно кажува дека Арсенал мора да донесе квалитетно засилувања во јануарскиот преоден рок.

„Факт е дека имаа многу повеќе повреди отколку што очекувавме, а некои од нив не можеа да се избегнат. Сакаме да бидеме подобри и знаеме колку е важна достапноста на играчи во текот на сезоната. Трансфер рокот е тука, ние сме Арсенал и мора да погледнеме што треба да се направи. Мора активно да бараме, а потоа да видиме дали можеме да го направиме тоа или не. Тоа е друга приказна, но нашата работа е секогаш да бидеме подготвени за нешто што може да се случи“, вели Артета.

„Топџиите“ имаа проблеми со повреди, а Деклан Рајс дури беше принуден да игра на позицијата десен бек против Брајтон.

Една од позициите каде што Арсенал има проблеми со повреди е средниот ред, па сега се во контакт со големата ѕвезда на Баерн, Леон Горецка.

Веќе е воспоставен контактот меѓу двете страни. Сепак, прашањето е дали трансферот ќе биде реализиран овој јануари или следното лето кога Горецка ќе стане слободен агент.

Преселбата во јануари е можна само ако има сериозно висока понуда од Арсенал.

Се вчитува...