Арсенал загуби со 2-1 во дербито на „Етихад“ и сега нема контрола врз освојувањето на титулата. Манчестер Сити се приближи на три бода негатива со натпревар помалку, а моментумот целосно се смени, барем според резултатот.
И покрај поразот, Микел Артета не беше подготвен да признае дека неговиот тим е надигран.
„Најголемото разочарување е што направивме многу добри работи во текот на натпреварот. Тие имаа неколку индивидуални моменти, но ние ги создадовме најголемите шанси и не постигнавме гол. Противникот имаше и малку среќа, ја погодивме стативата. Понекогаш мора да оди по ваш избор, а денес не беше така. Пропуштивме голема можност во однос на резултатот“, изјави разочараниот Артета
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
