Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да ја засили одбраната со елитен дефанзивец, а погледите на менаџерот Микел Артета се насочени кон „Сантијаго Бербнабеу“. Тој би сакал да го доведе на „Емирати“ бразилскиот интернационалец Едер Милитао.
Поранешниот одбранбен фудбалер на Порто не се снајде најдобро во првата сезона во составот на Реал Мадрид, тренерот Зинедин Зидан многу повеќе верува во тандемот Рамос – Варан, а Артета смета дека Милитао би бил одлично засилување за дефанзивната линија на „топчиите“.
Милитао одигра 13 натпревари за „кралскиот клуб“ оваа сезона, а најголем дел од нив како десен бек во периодот кога беше повреден Дани Карвахал. За Милитао постои интерес од Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА