Артим Шаќири е нов тренер на швајцарски Шафхаузен

Поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири е нов тренер на швајцарскиот второлигаш Шафхаузен.

47-годишниот Шаќири, чија последна тренерска функција е на кормилото на албанскиот Фљамуртари, сега продолжува во Швајцарија. Во својата тренерска кариера претходно беше на чело и на Шкендија и на албанскиот прволигаш Кукс.

Како што информираа од Шафхаузен на официјалната промоција на новиот тренер, Шаќири веднаш ќе го преземе кормилото на клубот со тоа што најпрво се очекува добивањето работна дозвола.

Се вчитува...